Форбс Медиа, една од најмноќните медиумски групаци, по 97 години фамилијарна сопственост, е продадена на група инвеститори од Хонг Конг.
Компанијата го продаде мнозинскиот удел на групацијата Integrated Whale Media Investments за сума која засега не се открива официјално (се шпекулира со бројка од 475 милиони долари).
Во соопштението по повод продажбата, семејството Форбс истакна дека и понатаму ќе има удел во компанијата, а на местото претседател и главен уредник според договорот останува Стив Форбс.
„Додека прославуваме важен настан, 97 години долга историја на оваа компанија, која ја основа мојот дедо, на овој потег треба да се гледа како можност да ја продолжиме мисијата и да ја зајакнеме позицијата“, истакнуваа Стив Форбс.
Медиумската куќа која месечно ја следат 75 милиони луѓе ширум светот преку месечното печатено издание, дигиталните медиуми, телевизии и конференции, започна да бара купувач во ноември минатата година.
“Форбс” се смета за водечко списание во деловниот свет. Признанието го добива благодарение на храбрите и вешти истражувања во областа на бизнисот и објективните проценки за настаните, а исто така и со различни рејтинг листи. Меѓу нив најголема важност има листата на милијардери во светот.
Седиштето на Форбс ќе остане во САД и најавени се планови за меѓународна експанзија.