Популарниот бренд за чипсови Pringles лансираше нова кампања за британскиот пазар во која за прв пат во 52-годишната историја на брендот (основан во 1968) ги избричи мустаќите на својата маскота.
Кампањата е лансирана по повод Movember – светско движење кое се одржува во текот на месецот ноември и има за цел подигнување на јавната свест за машкото здравје, при што заштитен знак на движењето се токму мустаќите.
Промената на карикатурниот машки лик познат како Mr. P и Julius Pringle беше објавена на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер. Притоа, брендот објави и нов слоган „Pop, Share, Chat.“ („Отвори, Сподели, Разговарај.“) кој има за цел да ги поттикне отворените дискусии за машкото здравје.
„Movember е одлична кауза и напорите кои движењето ги прави за поддршка на мажите ширум светот е неприкосновена. Како партнери на движењето, не можевм да дозволиме Mr. P да помине без бричење на неговите иконични мустаќи и се надеваме дека ќе помогнеме во поттикнувањето на важните дискусии за машкото здравје,“ истакнува Ребека Вортингтон од Pringles UK.
Pringles не е единствениот бренд кој на ваков начин се одлучи да го поддржи Movember. Истото го стори и KFC во Франција, каде брендот ги избричи брадата и мустаќите на својот заштитен лик – полковникот Сандерс.