Познатиот ланец за брза храна, Мекдоналдс, најави дека во својата понуда ќе воведе линија на производи која ќе биде алтернатива на месото.
Новата линија на производи е наречена „Мекплант“, а на гостите ќе им биде достапна од 2021 година.
Barclays Bank предвидува дека потрошувачката на оваа алтернатива на месото ќе биде вредна 140 милијарди долари до 2029 година.
Мекдоналдс тестираше растителен бургер во Канада во соработка со компанијата Beyond Meat, која се занимава со производство на месо базирано на растенија. Меѓутоа, акциите на Beyond Meat ја изгубија вредноста откако Мекдоналдс објави дека сè уште не е решено кој ќе биде снабдувач на алтернативата за месо.
„Возбудени сме од оваа можност, бидејќи веруваме дека имаме докажан, вкусен производ“, рече Јан Борден, одговорен за меѓународните операции на Мекдоналдс.
Сепак, Мекдоналдс влегува на овој пазар релативно доцна, бидејќи ривалите како Burger King, White Castle и Dunkin’ Brands Group веќе воведоа растителни бургери во својата понуда.
Мекдоналдс сè уште се потпира на своите добро познати производи како Биг Мек, МекНагетс и помфрит, кои учествуваат со околу 70 проценти од продажбата на клучните пазари.



















