Социјалната мрежа Фејсбук ја продолжи привремената забрана за политичко рекламирање за уште еден месец, што ја воведе откако резултатите од претседателските избори во САД не беа веднаш познати.
„Нашата одлука за привремено прекинување на рекламирањето за политички и социјални прашања продолжува како дел од нашите тековни напори да ги заштитиме изборите во САД“, соопштија од Фејсбук.
Во соопштението се истакнува дека забраната може да трае уште еден месец, но се вели дека ќе се процени можноста за порано укинување на забраната.
Исто така, Гугл, објави дека одлучил платформата да ја држи настрана од политичко рекламирање некое време, бидејќи резултатите од изборите за Сенатот во државата Џорџија во вториот круг можат да го определат мнозинството во Сенатот.