Брендот за брза храна McDonald’s ја објави својата нова божиќна реклама за британскиот пазар, со која се надева дека ќе ги охрабри луѓето да го ослободат сопственото „внатрешно дете“ во оваа празнична сезона.
Анимираната реклама ја следи приказната за тинејџерот Том и неговата мајка во пресрет на божиќните празници. Додека мајката упорно се труди да го разбуди празничниот дух кај својот син, тој се мачи да ги потисне своето „внатрешно дете“ и се однесува како воопшто да не е заинтересиран. Сé додека во приказната не се вклучи McDonald’s.
Имено, кога мајката ќе му купи празничен оброк од McDonald’s, Том конечно го ослободува „внатрешното дете“, со радост го прима подарокот и понатаму се посветува на сите новогодишни традиции кои ги правел како дете, вклучувајќи и тоа да му остави ноќен оброк на Дедо Мраз.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett и продукциската куќа Passion Pictures. Медиумскиот закуп е остварен со помош на агенцијата OMD.