Популарниот шведски бренд на вотка Absolut лансираше нова глобална кампања насловена „It’s In Our Spirit“ („Тоа е во нашиот дух“) со која дава еден надежен поглед на иднината кога групното дружење повторно ќе биде безбедно.
Кампањата ги таргетира припадниците на милениумската и генерацијата „Z“, кои наоѓаат алтернтиви за дружење на социјалните медиуми и во виртуелниот простор. Меѓутоа, како што посочува Absolut, без разлика колку сте популарни онлајн, ништо не може да ги замени вистинските човечки конекции.
Централниот спот на кампањата вклучува комбинација на анимација и вистинска глума и ги следи приказните на четири млади таленти од ширум светот: американската актерка Теса Томпсон, британскиот музичар MNEK, американската професионална гејмерка Рики Ортиз и тајванската пејачка Џолин Цаи.
Секој од нив со голема онлајн публика која ги обожава, тие сепак бараат начин како да излезат од тој виртуелниот свет, сé со цел да се здружат заедно во реалниот живот и да уживаат во вистинското искуство на пиење коктели кои вклучуваат Absolut вотка.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH Singapore, а покрај централната реклама ќе вклучува и бројни други мултимедијални активности и содржини.