Германскиот производител на спортска опрема Адидас дизајнираше специјални патики посветени на кошаркарскиот клуб Југопластика.
Клубот од Сплит доминираше во европската кошарка на крајот на минатиот век, кога три пати по ред беше европски шампиони, а нивните резултати сè уште се паметат.
Ексклузивната верзија на Adidas Forum High ја слави, како што е наведено во објавата на Инстаграм, кошаркарската култура на Балканот.
Патиките се бели, а Југопластика пишува на страна во чест на трикратниот европски шампион. Патиките се произведуваат во ограничени количини, а може да се добијат и во наградна игра.
Кошаркарскиот клуб од Сплит го доби името по поранешната фабрика „Југопластика“, која произведе 4,5 милиони спортски торби за „Адидас“.
Како ви се допаѓаат?
View this post on Instagram