Никола Спасов е еден од говорниците на годинешната e-commerce конференција на која ќе зборува на темата Дигитална стратегија во време на криза каде ќе сподели негов insight и знаење за тоа како најуспешно да ја прилагодите Вашата дигитална стратегија за време на пандемијата. Спасов е истражувач, комуниколог и политички консултант, основач на агенцијата Рејтинг. Во својата кариера има работено на низа кампањи во земјата и регионот, советувајќи политичари, бизнис лидери и организации како подобро да го менаџираат својот углед, кризите во работењето и поефективно да комуницраат.
E-commerce конференцијата ќе се оддржи на 25 и 26 ноември и повеќе информации за истата можете да погледнете на следниов ЛИНК.
M365: Господине Спасов, долги години сте во индустријата на податоци, истражувања и комуникации, а со посебно внимание го следите и однесувањето на македонската јавност. Колку нашите навики се променети кога станува збор за одлуките што ги носиме секојдневно?
Никола Спасов: Пандемијата негативно се одрази на многу аспекти од животот и се чини дека сѐ уште не можеме да се навикнеме на новата реалност. Оваа ситуација бараше брза реакција и адаптација на тектонските промени во животите на луѓето, економијата, пазарните трендови – нешто во што не сите добро се снајдоа. Сепак, секоја криза претставува и можност. Кризата со коронавирусот значително придонесе за зголемување на побарувачката од е-услугите и е-трговијата, како и зголемен потенцијал во услуги за достава. Што се однесува до навиките на луѓето, истражувањата кои нашата агенција ги работеше во текот на летото, покажуваат дека граѓаните направиле промени во навиките на купување, социјализација и комуникација. Една четвртина од граѓаните денес поминува повеќе време онлајн барајќе производи и услуги, но и забележуваат повеќе маркетинг пораки и реклами. Ова упатува на заклучок дека има раст во делот на е-трговијата, зголемен број на промоции на интернет.
Осум од десет граѓани, споредено со периодот пред да кризата, денес избегнуваат кафулиња, ресторани, поголеми настани и собири и поретко се хранат надвор. Ова е огромна промена во начинот на социјализација и комуникација, но ќе видиме дали овие навики трајно ќе претрпат промени или целосно ќе се нормализираат по завршување на кризата. Повеќе од една третина од граѓаните или 36% се изјасниле дека купуваат повеќе производи онлајн или преку деливери сервис на производите до дома, споредено со периодот пред кризата. Податоци од други истражувања и мерењена на фреквенција на користење на уредите и интернетот покажуваат огромен пораст на времето поминато на интернет и пребарување.
M365: Се чини дека бизнисите на кои отсекогаш во центарот им беше дигиталната трансформација најлесно се спротивставија на пандемијата од бизнис аспект. Колку според Вас домашните компании беа успешни во пивотирањето кон нови бизнис модели, кој сегмент забележливо беше најуспешен, а кој сегмент има уште простор за подобрување?
Никола Спасов: Кризата за некои бизниси беше мајка за други маќеа поставувајќи ги компаниите во многу нерамноправна положба. Одредени индустрии многу профитираа додека други целосно затворија, за некои пазарот буквално преку ноќ го снема, додека за други интересот за нивните производи и услуги се мултиплициреше. Па така, дури и технолошки најнапредните компании тешко се адаптираа и претрпеа огромни загуби. Да го земеме за пример Airbnb, технолошки напредна компанија која се доведе на раб на затворање. Во април оваа година отпуштија 25% од вработените и загубија 80% од приходите. Другиот аспект е во однос на стабилноста, знаењето и искуството на компаниите. Се согласувам дека бизнисите кои отсекогаш биле посветени на дигитална трансформација се оние кои побрзо и полесно се адаптирале на новата состојба. Сепак, клучната разлика не е само во подготвеноста или отвореноста кон промени, туку и во реалните ресурси за да се нарпават тие промени. За секоја промена не е потребна само волја, туку знаење, финансии за инвестирање, како и стабилност за да се издржи периодот на адаптација кога приходите се намалени. И тука повторно поголемите компании кои имаат повеќе искуство во креирање нови производи и услуги, кои веќе поминувале и надминувале финансиски кризи, кои имаат доволно знаење да направат промени се оние кои имаат предност. Во однос на домашните компании би рекол дека секако има успешни приказни, но не видовме драматична дигитална трансформација. Но тоа е очекувано и верувам дека забрзано ќе се случува во следните години. Според истражувањето на меѓународната агенција Мекензи, проценките се дека кризата придонесе процесите за дигитализација да се забрзаат за 4 до 6 години. Што се однесува до домашните компании, би рекол дека најголем напредок има во прилагодување на дел од услугите за на интернет и интернет продажбата, како и воведување нови услуги за достава. Значително се зголеми и бројот на онлајн продавници особено тоа е забележливо на Фејсбук.
M365: Кога зборуваме за дигитална стратегија за време на пандемијата, на што конкретно мислиме? Колку е таа важна во овој момент и колку ќе биде важна кога (оптимистички) сето ова ќе се “нормализира”?
Никола Спасов: Кризата трае доволно долго за луѓето трајно да променат дел од навиките. Покрај потрошувачките навики и начинот на социјализација, значително ќе се смени и начинот на информирање. Имено, луѓето поминуваат многу повеќе време на интернет каде најбрзо има нови информации за коронавирусот, но и генерално каде може да најдат одговори на сите прашања кои ги имаат. Понатаму, тие поминуваат многу повеќе време на платформите за онлјан комуникација, состаноци и сл. Навиките пак на децата и младите кои и онака се родени во дигиталната ера, сега преку ноќ уште позабрзано се менуваат со онлајн образованието и дигитализација на образовните процеси.
Оттаму, мора повеќе да се вложува во дигиталната комуникациска стратегија бидејќи крајот на пандемијата нема да ги врати старите навики на потрошувачите. Кога зборуваме пак за дигитална комуникација во време на пандемија, компаниите мора да го прилагодат тонот и пораките соодветно на психолошката состојбата во која се наоѓаат граѓаните, а тоа е незивесност, страв и загриженост. Тие мора да понудат комуникација, општествено одговорни проекти и содржини кои се интерес на јавното добро. Понатаму, важно е да ги прилагодат своите производи и услуги на начин на кој нивното користење нема да го загрози здравјето на граѓаните или да ги изложи на ризик од зараза, односно е-услуги и е-производи, достава и сл. За крај важно е да покажат грижа за здравјето на своите вработени и да обезбедат услови и инфомрации за нив како најдобро би се заштитиле во овој период. Има и други важни аспекти за кои ќе зборувам повеќе на конференцијата за Е трговија следната недела.
M365: Колку дигиталната стратегија на институциите е важна во вакви моменти? Што не научи оваа криза во однос на тоа што институциите би требало да прават без разлика дали има или нема криза?
Никола Спасов: Прво што го забележав во кризата е дека институциите имаат многу слаби или непостоечки системи за внатрешна комуникација. Системите во рамки на самите институции се минимално развиени, а меѓуинституционална структурирана комуникација речиси да не постои. Ова е огромент проблем во услови на менаџирање на криза кога мора да има брза коориднација и размена на информации, а со тоа и брза комуникација кон јавноста и медиумите. Понатаму, дигиталната комуникација на функционерите и политичарите функционира на солидно ниво, но изостанува сериозна комуникација на институционално ниво. Сите институции се потпираат на мали тимови кои се насочени пртежно на традиционалните канали и односи со медиуми. И трето, исто така е многу важно, најголем дел од институциите немаат достапни систематизирани податоци кои редовно се ажурираат на интернет. Оттаму медиумите и граѓаните трошат многу време да дојдат до податок или направат некаква анализа, а ПР тимовите на институциите се исцрпуваат бараји одговори на прашањата. Потребно е сериозно дигитализирање на информациите, статистиките и сите релевантни податоци кои во секој момент може да и бидат достапни на јавноста и медиумите. Така што би рекол дека има уште многу да се работи на дигитализацијата на институциите.
M365: На кои аспекти ќе се осврне Вашиот говор на e-commerce конференцијата и што посетителите ќе имаат можност да чујат и научат од Вас?
Никола Спасов: Јас сум комуниколог и ќе зборувам за дигиталните комуникации во време на пандемија и како компаниите и организациите треба да ја адаптираат својата порака. Веќе подолго време работам токму на кризни комуникации, но и директно сум вклучен во градење комуникациски стратегии поврзани со Ковид кризата. Верувам дека ова мое искуство можам да го преточам во корисни совети за публиката.