Новата услуга, моментално во бета фаза, е насочена кон компании кои сакаат „ефикасно да го прошират опсегот и да ја зголемат свеста за брендот“.
YouTube најави планови за воведување на аудио реклами кои ќе бидат креирани за поврзување на брендовите со публика која редовно слуша музика и подкасти.
Во моментов во бета фаза, новото рекламирање на YouTube е насочено кон компании кои сакаат „ефикасно да го прошират опсегот и да ја зголемат свеста за брендот“.
На овој начин, на огласувачите ќе им се овозможи уште еден начин да дојдат до својата публика, односно огромниот број корисници на оваа мрежа.
Најновата функција е наменета за оние кои примарно го користат YouTube како услуга за слушање музика и подкасти. Искуството со аудио реклами е слично на она што би го сретнале со бесплатниот налог на Spotify.
Рекламите ќе траат околу 15 секунди и иако се главно фокусирани на звук, тие сепак ќе содржат визуелна компонента, како што е статична слика или кратка анимација.