Еден од најголемите креативни фестивали во Европа – Меѓународниот маркетинг и адвертајзинг фестивал White Square – го објави повикот за пријавување на кампањи. Претставници од повеќе од 30 земји ширум светот, со повеќе од 1000 пријавени кампањи и делегати во бзинис програмата, секоја година земаат учество на фестивалот. White Square 2021 ќе се одржи од 9 до 11 јуни во комбиниран офлајн/онлајн формат, при што нивниот сооднос ќе зависи од глобалната епидемиолошка ситуација. Минатата година, ваквиот формат му овозможи на фестивалот да се издигне на едно ново ниво и да внесе инспирација во креативната индустрија низ светот.
Традиционално, White Square 2021 ќе вклучува натпреварувачки дел за имплементирани проекти во сферата на комуникациите, како и едукативен дел на бизнис форум од областа на маркетингот и огласувањето.
Натпреварувачкиот дел на White Square 2021 се состои од осум категории: Creativity, Branding, Marketing, Marketing Effectiveness, Digital, Media, Change for Good, како и новата категорија Craft, воведена по препорака на жирито, во која ќе се наградуваат најдобро изведените кампањи во медиумот на филмот и радиото, печатот и outdoor-адвертајзингот.
Во обид да се разрешат контрадикциите во вреднувањето на општествени и комерцијални проекти, воведена кон листата на номинации за секоја од категориите е ознаката non-profit/charity, со исклучок на категоријата Branding, за кампањи чиј што единствен клиент/огласувач е некоја непрофитна организација (хуманитарна фондација, владина институција, јавно претпријатие).
Пријавувањето на кампањите е веќе во тек преку официјалниот веб-сајт на фестивалот. Рокот за пријавување според “early bird” понудата, која ги овозможува најекономичните услови за учесниците, ќе трае до 15 јануари.
Жирито на White Square 2021 ќе биде оставено од креативни и арт директори, врвни менаџери на водечките меѓунардни агенции кои предводат во креативните ранг-листи во своите пазари – личности со светска препознатливост од повеќе од 30 земји, со бројни престижни фестивалски награди, вклучувајќи и кански „лавови“, со богато искуство во жирирањето на најзначајните креативни фестивали на планетата.
Пријавените кампањи ќе бидат жирирани од седум различни жири-комисии поделени по теми: Creative, Branding, Marketing, Digital, Media, Change for Good, како и меѓународното жири за Mass Media, кое ќе даде независна оцена за пријавените кампањи од гледна точка на индустриските медиуми. Главната награда на фестивалот – Grand Prix – ќе биде доделена од страна на Големото жири, составено од претседавачите на поединечните жири-комисии.
Време е! – со ваква порака организаторите на White Square оваа година им се обраќаат на светската креативна заедница. Време е за големи идеи, создавање иновативни проекти во областа на комуникациите, постигнување успешни бизнис резултати, откривање на инспирација и споделување на професионални искуства. За да победите, треба да делувате – тука и сега. Подгответе ги вашите пријави и прикачете ги на adfest.by за да победите на White Square!
Сите новости и информации поврзани со фестивалот White Square се достапни на официјалниот веб-сајт adfest.by и профили на социјалните мрежи.