На својот врв во 2016 година, тиражот изнесуваше 200 милиони примероци и беше објавен на 32 јазици, а дистрибуиран во сите нивни продавници.
Икеа наведува дека ќе се посвети на онлајн промоција и купување. Тие оцениле дека донеле одлука која за нив е емотивна, но рационална за достоинствено да го окончаат објавувањето на успешниот каталог.
Извршниот директор на Икеа, Конрад Грус изјави дека ова е природен процес, затоа што медиумите и однесувањето на купувачите се промениле.
Првиот каталог беше објавен во Шведска во 1951 година, а неговото прво онлајн и дигитално издание беше објавено во 2000 година. На својот врв во 2016 година, тиражот изнесуваше 200 милиони и беше објавен на 32 јазици и дистрибуиран во сите нивни продавници.
Икеа сега е целосно фокусирана на дигитална продажба и маркетинг. За време на пандемијата на коронавирусот, до август оваа година, нивната онлајн продажба се зголеми за 45 проценти. Во овој период, компанијата исто така забележа четири милијарди посети на својата веб-страница.
Последниот каталог за 2020 година беше објавен во октомври оваа година и беше отпечатен во 40 милиони примероци. Сепак, следната година, ќе биде објавена книга која ќе содржи совети за опремување и украсување на домот, пренесува Си-Ен-Ен.