Јапонскиот автомобилски бренд Toyota ја објави својата нова празнична реклама насловена „The Journey“ („Патувањето“), која носи порака на љубов и заедништво преку приказна за татко и син кои тргнуваат на заедничко патување низ живописни природни предели со помош на теренецот Toyota RAV4.
Со цел да се избегнат продукциските предизвици наметнати од пандемијата, рекламата е создадена целосно компјутерски, со што се надоврзува на трендот на анимирани празнични спотови кои имавме можност да ги гледаме оваа година.
Видеото е пропратено со оригинална песна насловена „Here For You“ („Тука за тебе“), создадена од Стејси Вокер, која истовремено ќе биде достапна за слушање и симнување на Spotify и останатите популарни музички платформи.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Conill и продукциското студио Lobo.