Американската вселенска агенција НАСА објави кратко видео во стил на филмски трејлер, посветено на нивната нова мисија на Марс и роверот “Perseverance” („Истрајност“) која неа треба да ја комплетира.
Роверот треба наскоро да го комплетира своето патување од преку 450 милиони километри и да слета на површината на Црвената планета на 18 февруари 2021 година, при што НАСА ќе овозможи пренос во живо од настанот на следниот линк.
Спотот изгледа како „излезен“ од научнофантастичен филм, со епска музика и интензивна анимација, прикажувајќи го моментот од пристигнувањето на леталото во орбитата на Марс, па сé до слетувањето на роверот со помош на падобран и отпочнувањето на неговата работа.
Негова задача ќе биде да бара знаци на живот, како и да собира примероци од карпи и прашина од Марс и со цел нивно подоцнежно враќање и проучување на Земјата.