„Замислете вирус за кој не знаете ништо“ – вака започнува новата реклама на британската непрофитна организација за поддршка на луѓето со Алцхајмерова болест и деменција, Alzheimer’s Society, чија цел е подигнување на јавната свест за тешкотиите со кои се соочуваат луѓето со оваа болест во услови на глобална пандемија.
Рекламата на еден поетичен начин објаснува како овогодишните карантини ги оневозможиле луѓето да ги посетуваат и да се грижат за постарите и ранливи членови на својата фамилија, истовремено претставувајќи го чувството на изолација кое како резултат ги следи.
Спотот прикажуваа сцени од еден „пуст“ дом на жена со Алцхајмерова болест која немо се гледа себе си во огледало, додека пак нарацијата го објаснува чувството на фрустрација кое семејствата и негувателите го чувствуваат во неможноста да им помогнат на луѓето кои имаат потреба од помош.
Рекламата е целосно создадена in-house, а нејзин креатор и режисер е Шон Кулен, кој истовремено ја напишал и поемата која оди во нарација, како резултат на искуството со неговата мајка која страда од деменција. Медискиот закуп е остварен со помош на агенцијата Medialab.