Наградени се кампањите за Бамби, Кока Кола, MAXI, “Да се знае“, Белградска филхармонија и Лице в Лице
Кризата донесе немир во светот на адвертајзингот, но за возврат се појавија поинакви пристапи, нови решенија и оригинални идеи. Фестивалите за креативност не се одржуваа во живо, но тие продолжија внимателно да го набудуваат новиот поредок во индустријата, особено славејќи ја иновативноста, дослаедноста, духовитоста и хуморот. Традиционалните признанија на Здружението за пазарни комуникации (UEPS) и оваа година на агенцијата McCann Белград и` донесоа титула Агенција на годината и дури 22 награди, меѓу кои најмногу се истакна пораката за благодарност до здравствените работници ширум светот.
„Пресреќни сме што на најдобар можен начин ја завршуваме оваа неизвесна и тешка година. Горди сме што нашата кампања за поддршка на лекарите, откако го обиколи светот, доби признание и од домашната струка. Голема благодарност до нашите партнери без чија поддршка и одлични брендови не би имале таков резултат, а особено благодарение на најдобриот тим кој покажа дека и во најтешките услови може да креира врвни дела“, рече Јелена Јазиќ, директор на агенцијата McCann Белград.
Кампањата Ви благодариме, доктори за клиентот Неделник, освои златни признанија во категориите Промоција на српската креативност во странство, Принт и Covid Creativity Community, признание Најдобра арт дирекција и специјално признание Драган Сакан – New Idea.
Plazma Equity кампањите Ритуали и Special edition за клиентот Бамби, освоија златно признание во категориите OOH и Амбалажа на производи и индустриски дизајн, и среберно признание во категориите Интегрирани промотивни кампњи, Creative efficiency и Print.
Кампањите Coca-Cola Mystical tour и Fill in the Gap за The Coca Cola Company освоија бронза во категориите Директен маркетинг и Интегрирани промотивни кампањи и сребро во категоријата OOH.
Кампањта за Белградска филхармонија Музика насекаде освои злато во категоријата Интегрирани промотивни кампањи исребро во категоријата Општествено одговорни кампањи.
Šta nas žulja за клиентот “Да се знае“ освои злато во категоријата Brand PR, сребро во категоријата Креативна употреба на медиумите и бронза во категориите Директен маркетинг и Општествено одговорни кампањи.
Кампањата Лице в лице елек за “Лице в лице“ освои златно признание во категоријата Општествено одговорни кампањи.
Maxi Fresh Equity за Delhaize Srbija освои бронза во категоријата Интегрирани промотивни кампањи.
Меѓу признанијата за онлајн маркетинг, во категоријата Присуство на социјалните мрежи, агенцијата Drive освои бронзено призание за проектот “Besa” Blu Ray Box Set as an Instagram Grid за Адреналин продукција.
Пласманот на сите кампањи можете да го погледнете на: https://ueps.org.rs/dan-uepsa/ueps-priznanja-za-2020-godinu