HeadHunting.mk објавува оглас за 2 отворени позиции за свои клиенти:
- ПР менаџер
- Маркетинг менаџер
1. Квалификации за позицијата ПР МЕНАЏЕР:
- работно искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција (претходно искуство во агенција ќе се смета за предност)
- солидно познавање на англиски јазик
- изразени комуникациски вештини и позитивен пристап кон работата
- подготвеност за независно реализирање на широк спектар на ПР активности (подготовка на стратегии/ планови, креирање на содржини, подготовка на соопштенија за јавност, дистрибуција на соопштенија, медиа брифови, планирање и организирање на настани и сл.)
2.Квалификации за позицијата МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР:
- работно искуство од најмалку 2 години на иста или слична позиција
- солидно познавање на англиски јазик
- спремност за развој и извршување на маркетинг стратегии
- солидно познавање на основни алатки за дигитален маркетинг и функционирање на социјални мрежи
- подготвеност за креирање на содржини и координирање на тим за дизајн
- изразени комуникациски вештини и позитивен пристап кон работата
- независност во работата и големо ниво на одговорност
Локацијата за извршување на двете позиции е во Скопје.
Заинтересираните кандидати за отворените работни позиции треба да ја испратат својата кратка биографија (CV) на електронската пошта cv@headhunting.mk најдоцна до 05.01.2021 година, со назнака: ЗА ПР МЕНАЏЕР или ЗА МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР во зависност од тоа за која позиција аплицираат.