По стапувањето на функција генерален извршен директор на агенциската мрежа McCann Worldgroup на 1 јануари, Бил Колб ги објави првите поголеми промени во лидерската структура.
За нов генерален извршен директор и претседател на адвертајзинг агенцијата McCann е назначен Крис Макдоналд, кој претходно ја извршувал функцијата на претседател за адвертајзинг и сојузнички брендови во McCann Worldgroup.
Исто така, за нов глобален генерален директор за стратегија во McCann е назначен Харџот Синг, досегашен генерален директор за стратегија за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка во McCann Worldgroup.
„Едноставно, ние веруваме дека силата е во нашите брендови. Има многу консолидација и заедничко поттикнување на работите, но ние сакаме да бидеме најдобри во секој занает во кој сме вклучени, а за тоа е потребен фокус,“ истакнува Бил Колб, CEO на McCann Worldgroup.
Идејата позади промените е да се има силно лидерство во секоја агенција кое ќе може да се фокусира на создавањето на најдобрите тимови со способност за интеграција. McCann е сé уште во потрага по глобален креативен директор со цел комплетирање на својот лидерски тим.