Германскиот автомобилски бренд Volkswagen објави нова реклама за американскиот пазар во која ја илустрира историјата на еден од најзначајните изуми на човештвото – тркалото.
Прекрасниот спот, именуван едноставно како “The Wheel” („Тркалото“), ја претставува еволуцијата на тркалото од древни времиња, преку кочиите, велосипедите, возовите, автомобилите, па сé до најновото остварување во таа низа – новиот ID.4, електричен SUV, на Volkswagen.
На крајот од спотот се појавува слоган кој вели дека „Историјата е создадена, само кога се создава за сите“.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Johannes Leonardo од Њујорк и продукциската куќа Imperial Woodpecker.