На 15 јануари, Википедија ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј со онлајн собир на волонтерите, соработниците и партнерите.
Википедија е создадена на 15 јануари 2001 година на англиски јазик и е основана од страна на Џими Вејлс и Лери Сангер, додека моментално со неа раководи фондацијата Викимедија.
Страницата во моментов има повеќе од 55,5 милиони статии во верзии на 306 јазици, од кои повеќе од 6,2 милиони се на Википедија на англиски јазик.
Клучен фактор за успехот на Википедија се волонтерите кои пишуваат статии ширум целиот свет.
Википедија моментално е меѓу 13-те најпосетувани страници во светот и рангирана e на првото место според посетеноста како непрофитна страница.