Во својата нова реклама, американскиот автомобилски бренд Ford метафорично го објаснува „потеклото“ на спортското возило Bronco Sport SUV.
Во игра на зборови („bronco“ во превод значи „див коњ“), рекламата отпочнува со едно напуштено ждребе кое е пораснато од планински дивокози. Тие го учат како лесно да се справува со сите предизвици кои ги нуди планината, пред сé со нејзиниот тежок терен. Кога ждребето е подготвено да се осамостои, тоа влегува во пештера и потоа излегува трансформирано во „дивиот коњ“ на Ford.
Дивокозите во случајот се буквална илустрација на опцијата G.O.A.T. (“Goes Over Any Terrain” – „Оди преку секаков терен“) која е составен дел од арсеналот на новиот теренски автомобил.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy New York и продукциската куќа Imperial Woodpecker.