Компјутерскиот бренд Lenovo лансираше уникатна кампања за шведскиот пазар, во која рецензиите на корисниците ги претвори во хеви метал песни.
Имено, со помош на шведската креативна агенција Ehrenstråhle, Lenovo искористи рецензии за нивните производи објавени на веб-сајтовите The Verge и manofmany.co, кои потоа ги преработи како текстови на песни за тоа колу е добар нивниот хардвер, дизајнот, спецификациите и слично.
Текстовите потоа беа дадени на шведскиот хеви метал бенд Iron Savages, кој од нив создаде соодветни песни. Во режија и продукција на шведскиот режисер Клаудио Морино, за песните беа снимени и спотови.
Според компанијата, кампањата ќе биде таргетирана кон играчите на видео игри (рекламите ги промовираат компјутерите на Lenovo за таа намена), како и кон фановите на хеви метал музиката, кои ги има во голем број во Шведска.