Победниците на европските Effie награди за комуникациска и маркетинг ефективност за 2020 година неодамна беа прогласени на виртуелна наградна церемонија. Титулата „Агенција на годината“ ја доби McCann Worldgroup, додека пак главната “Grand Effie” награда беше доделена на TRIAD Advertising за кампањата “Savings Therapy” за огласувачот VUB Bank.
На наградната церемонија беа доделени вкупно 35 награди на 23 агенции од 13 држави низ Европа. Победниците беа избрани од страна на меѓународно жири составено од искусни претставници од агенциите и клиентите. Претседавачи на жирито беа Клаудија Кан, менаџер за бренд билдинг и интегрирани комуникации во Procter & Gamble, и Брајан МекКартер, генерален директор за стратегија за Европа, Блискиот Исток и Африка во Ogilvy.
McCann Worldgroup го заслужи насловот „Агенција на подината“ по освојувањето на вкупно осум награди – 3 бронзени, 3 сребрени и 2 златни награди, за кампањи создадени за огласувачите Tele2, Aldi, Help for Heroes и Teva Pharmaceuticals.
„Ова е огромно достигнување. И покрај огромните предизвици во 2020 година, нашите стратешки тимови останаа издржливи, целосно фокусирани да обезбедат ефективна и значајна работа за нашите клиенти. Апсолутно сме воодушевени што ја задржавме нашата позиција број 1 во Европа со уште еден рекордна изведба. Ефективноста е критична мерка за вредноста на нашата работа и овие награди се особено важни затоа што тие го слават реалниот, мерлив импакт – нешто на кое сме постојано посветени. Нашите длабоки партнерства со клиентите се засновани на силна, споделена култура на доверба и соработката, која е во срцето на ова достигнување. Чест ни е што ја споделуваме оваа награда со нашите клиенти и нашите тимови, особено во контекст на тешките услови во кои сите ние работевме,“ истакнува Харџот Синг, глобален генерален директор за стратегија на McCann Worldgroup.
Престижната Grand Effie награда за извонредна работа ја освои агенцијата TRIAD Advertising за кампањата “Savings Therapy”, создадена за огласувачот VUB Bank. Кампањата се фокусираше на тоа да ги поттикне луѓето да штедат пари, истовремено промовирајќи ги штедилничките услуги на Банката. Брендот ја третираше практиката на не-штедење како уште една лоша навика и подготви терапија со која луѓето би можеле да станат зависни од штедење. За време на кампањата, Словаците заштедиле 3 пати повеќе пари од претходната година, исполнувајќи ги целите за 150%.
„Особено оваа година, беше важно за жирито на Grand Effie нгарадара да ги прослави идеите што функционираат, како манифестација на поддршка и охрабрување за нашата индустрија. При доделувањето на Grand Effie наградата, жирито сакаше да го препознае високиот калибар на креативноста, но исто така и нејзиниот позитивен придонес кон општеството. Справувајќи се со непријателот на прекумерно трошење и импулсивно купување, оваа кампања им помогна на луѓето да развијат поздрави финансиски навики. Комбинацијата од тие два аспекта, добар за бизнисот и добар за заедницата, направи ефективноста на овој случај да се искачи на врвот,“ посочи Хелен Дасо, постар директор за бренд билдинг и комуникации во Procter & Gamble, која ја модерираше сесијата на Големото жири.
Целосната листа на победници на Effie наградите за Европа можете да ја погледнете на следниот линк.
Европските Effie награди се организирани од страна Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA), во партнерство со Procter & Gamble, Европската алијанса за интерактивен дигитален адвертајзинг (EDAA), Европскиот совет на издавачи, Adforum.com и Viva Xpress Logistics.