McCann Worldgroup е прогласена за најефикасна агенциска мрежа во Европа за 2020 година на Effie Awards Europe. Effie Europe е годишно натпреварување во кое се наградуваат најефикасните комерцијални комуникациски кампањи во Европа и претставува симбол за докажана ефикасност во огласувањето и пратнерството помеѓу клиентите и агенциите.
По тој повод, извршниот директор на McCann Worldgroup за територијата на Обединетото Кралство и Европа, Марк Лунд, изјави: „Ова е огромен успех. И покрај големите предизвици во текот на 2020 година, нашата стратешка заедница остана потполно фокусирана на креирањето ефикасни и смислени комуникации за нашите клиенти – што никогаш до сега не било поважно. Апсолутно сме воодушевени што ја задржавме позицијата број 1 во Европа со уште еден рекорден учинок. Ова е огромна чест и за нашето партнерство со клиентите и за нашата стратешка заедница и неверојатно сум горд на непоколебливата посветеност и лидерство на нашите талентирани тимови.“
Учинокот на мрежата на McCann во текот на 2020 година е резултат на повеќекратните награди кои ги освоија канцелариите во Велика Британија, Ирска и Русија во партнерство со клиентите Aldi, Help for Heroes, Tele2 Russia и Sudocrem, а свој придонес кон тој успех даде и агенцијата McCann Zagreb во соработка со клиентите Konzum, The Coca-Cola Company и Hrvatski Telekom.
„Зад нас е многу возбудлива и предизвикувачка година која, и покрај сé, ја завршивме успешно. Нашите тимови во едни нови услови, со клиентите работеа на кампањи кои вонредната ситуација ја направија поактивна, позабавна и пред сé, поподнослива. Благодарен им сум на нашите партнери на довербата и храброста, на сите наши тимови за нивните извонредни идеи, посветеноста и позитивната енергија, кои беа причината да ја започнеме 2021 со нов елан и ентузијазам,“ рече Владимир Димовски, генерален извршен директор на McCann Adriatic.
Харџот Синг, глобален директор за стартегија во McCann, додаде: „Креирање на комуникации кои „функционираат“, јакнење на моќта на брендовите да бидат креативно поубедливи, истовремено остварувајќи реални комерцијални ефекти на пазарот – тоа е она што го очекуваат клиентите од нас. Ефективноста е критична мерка за вредноста на нашата работа и овие награди се особено важни бидејќи оддаваат признание на вистинскиот, мерлив ефект – нешто на кое сме постојано посветени. Исто така сум задоволен бидејќи таа наша доследност е повторно препознаена. Нашето партнерство со клиентите, засновано на силна заедничка култура на доверба и соработка, претставува сржта на ова достигнување. Чест ни е да го споделиме овој успех со нашите тимови и клиенти, посебно во година на предизвикувачки услови во кои сите ние работевме.“