Организацијата на овогодишното издание на глобалните креативни награди Gerety Awards, кои ги наградуваат најдобрите постигнувања во адвертајзингот од перспектива на жените, го отвори конкурост за пријавување на кампањи. Истовремено беше објавен и целосниот состав на овогодишното жири, кое ќе вклучува преку 180 лидери од областите на адвертајзингот и маркетингот од 30 различни држави.
Наградите Gerety го редефинираат огласувањето и комуникациите преку поставувањето на нов бенчмарк во глобалните креативни награди. Победниците на овогодишното издание на Gerety Awards уште еднаш ќе го дефинираат стандардот до кој треба да се држи адвертајзингот, воедно покажувајќи им на клиентите кој е најдобриот начин да се таргетираат најмоќните потрошувачи во светот – жените.
Овогодишните сесии на жирирање ќе се одржат во Лондон, Торонто, Берлин, Сантијаго, Лагон, Сингапур, Милано, Париз, Лос Анџелес и Будимпешта. Покрај дефинираењето на генералниот потесен избор, овие жири-комисии ќе ја изберат и најдобрата агенција и продукциска компанија на годината од нивните соодветни држави.
„Во оваа трета година, им посакуваме добредојде на новите жири-комисии од новите градови за нашите сесии на жирирање, со цел постигнување на една вистински глобална перспектива од женската гледна точка за изборот на најдобрите во креативниот адвертајзинг и комуникациите од целиот свет,“ истакнува Лусија Онгај, ко-основач на Gerety Awards.
Големото жири на Gerety Awards, меѓу останатите, ќе вклучува и истакнати имиња како: Керен Блекет OBE, национален менаџер на WPP и генерален извршен директор на GroupM за Обединетото Кралство; Џесика Апеланиз, генерален креативен директор на Ogilvy за Мексико и Латинска Америка; како и Тара Вераншинге, групациски креативен директор на Leo Burnett Sri Lanka.
Повеќе информации за Gerety Awards и процесот на пријавување може да се најдат на официјалниот веб-сајт: www.geretyawards.com