Минатата недела, светот имаше можност да ја гледа Камала Харис на позиција каде што ниту една жена (и ниту една црна или јужно-азиска жена), досега не стоела во американската историја – давајќи заклетва како потпретседател на САД. Тоа беше момент на пресвртница за милиони Американци кои копнееја да видат лица кои личат на нивните на највисоките позиции во американската демократија.
Веднаш после инаугурацијата, младинската иницијатива за родова еднаквост Girl Up објави видео спот во кој го прикажува овој историскиот момент, но гледан низ призмата на жените и младите девојчиња кои сведочеја како ќерката на индиски и јамајкански мигранти станува 49-от потпретседател на САД.
Спотот насловен „Today We Rise“ бил сниман и продуциран од страна на волонтерска мрежа на фотографи и кинематографи кои посетиле преку 30 домаќинства за време на церемонијата на инаугурација. Снимките биле веднаш монтирани по нејзиното завршување, а спотот бил објавен само неколку часови по настанот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy.