Најголемите 100 business-to-business огласувачи во минатата година инвестирале речиси 4,9 милијарди долари во b2b рекламирање, пораст од 3,4% во споредба со минатата година, ако се верува на анализите на AdAge data центарот.
Најголем раст како B2B медиум минатата година имал интернет (display) адвертајзингот, дури 25,3%. за прв пат надминувајќи го инвестирањето во огласување B2B во магазини.
Телевизијата останува водечки медиум за рекламирање business-to-business (удел од 56%) со раст од 3%, додека медиуми кои пополека b2b огласувачите почнуваат да ги прескокнуваат се магазините, радиото и весниците.