Поради ексклузивитетот кој со Super Bowl го има одреден конкурент, американскиот пивски бренд Coors Light не може да има своја реклама за време на големиот натпревар. Меѓутоа, и покрај тоа, брендот сепак се реши да созаде реклама по тој повод, која описно го носи името „Реклама за Големиот натпревар“ (да не биде Супер боул нели).
Но, она што е специфично во однос на оваа реклама е тоа што таа е наводно дизајнирана да ги „инфилтрира“ соништата на оние кои ќе ја гледаат. Имено, брендот се здружил со д-р Дирдре Барет, психолог за соништа, со цел да создаде спот кој ги има правилните визуелни дразби кои потсвесно влијаат врз човечкиот ум, за тој потоа да го сонува „најосвежителниот сон во годината“.
Рекламата официјално ќе биде лансирана на 3 февруари, а брендот засега сподели тизер-видео во кое накратко ја објаснува идејата, процесот на создавање и тестовите кои биле правени со вистински луѓе. Покрај тоа, лансиран е и специјален веб-сајт, каде сите заинтересирани ќе можат сами да го испробаат искуството.
Дали со оваа кампања отпочнува една нова ера во адвертајзингот, кој сега се сели и во соништата? :)