Фејсбук планира да им понуди на корисниците можност за пишување newsletter , наменет за независните новинари, пренесува Њујорк Тајмс.
Оваа опција ќе им помогне на независните новинари во собирање нови следбеници, уредување на нивната е-пошта и управување со постојните претплатници. Во моментов, интересот за newsletter е во пораст, а доказ за тоа е и фактот што еден од најпопуларните newsletter сервиси, Substack, од минатиот септември доби повеќе од 250.000 нови претплатници, а токму минатата недела Твитер го купи ривалот на Substack, Revue.
Бројни истакнати новинари одлучија да ги напуштат традиционалните публикации и да се свртат кон независно пишување, што им носи поголеми приходи од претплатници, како и целосна контрола над својата работа.
„Истражуваме начини како да им помогнеме на новинарите да ги искористат новостите кои што ги создадовме, како што се вестите и претплатите на Фејсбук“, рече Кембел Браун, потпретседател за глобални новински партнерства, додавајќи дека компанијата изгради нови алатки кои ќе го додадат она што е корисно за новинарите. Портпаролот на Фејсбук во изјава за Њујорк Тајмс, не ја потврди оваа информација, но рече дека компанијата работи на поддршка на независните новинари.