После отворањето на канцеларија на арапскиот пазар, во Доха (Катар), агенцијата Априори комуникации го шири својот бизнис и во Велика Британија и Турција.
Како што пишува хрватски Vecerni list во своето печатено издание, Априори комуникации ја започнаа регистрацијата на London School of Brand Management а програмата на полето на професионална едукација би требало да биде сертифициран за најмногу година дена. Нивните очекувања се дека овој проект би требало да заживее во втората половина на идната година како франшизен модел на бизнис соработка.
Проектот се реализира во соработка со Ричард Лининг, поранешниот претседател на IPRA (International Public Relation Association) и со Чарлс Скинер, советник за репутациски менаџмент.
Покрај овој проект, исто така од Априори комуникации го иницираа и регионалниот проект под името Communication Association of Commonvvealth.
Компанијата во моментов е во фаза на реорганизација и ребрендинг кој ќе биде претставен во средината на следниот месец а се најавува и стратешко партнерско поврзување со Турција.
Мрежата на канцеларии на Балканот на Априори комуникации веќе ја сочинуваат канцелариите во Македонија, Хрватска и БиХ.