Општествено одговорната кампања „Ви благодариме, доктори!“, проактивен проект на I&F Групацијата, реализиран во соработка на агенциите McCann Белград и UM Белград, освои специјална награда за општествено одговорна кампања во рамките на манифестацијата „Исклучителни личности 2020“.
Манифестацијата беше организирана деветти пат по ред од страна на агенцијата Фабрика, со континуирана цел да се промовира општествената одговорност и да се истакнат личностите кои се издвојуваат со својот автентичен и позитивен став кон животот и работата, а кои се примери за младите.
„Чест ни е што кампањата „Ви благодариме, доктори“ е препознаена низ целиот свет како симбол за поддршка на хероите на денешницата – медицинските работници, за кои борбата против пандемијата не стивнува речиси една година. Светот се промени. Ова признание е уште еден комплимент за нашите тимови и деловни и медиумски партнери во Србија и Адриатик регионот“, рече Катарина Прибичевиќ, директор за стратешко планирање во McCann Белград, која ја прими наградата во име на агенциските тимови на вчерашното доделување на наградите.
Преку серија визуали на социјалните мрежи и билбордите обезбедени од медиумски партнери, кампањата ги претстави лекарите како денешни суперхерои. За помалку од 24 часа, кампањата го обиколи светот со неверојатен оддек од јавноста и самите здравствени работници на сите меридијани. На ова признание му претходеа наградите EPICA, UEPS, BalCannes, Kaktus и ACT Responsible.