HR Xcel ексклузивен партнер на Thalento за подрачјето на Adriatic
HR Xcel, доверлив партнер на голем број домашни и регионални компании во областа на управување со човечки ресурси, го прошири своето портфолио на услуги со воведување на алатките на Thalento кои нудат современи решенија за потребите на модерното работење. Thalento е единствена платформа за потребите на индустријата за човечки ресурси која придонесува за диференцијација на пазарот преку обезбедување увид во целокупниот пат на вработениот во една организација.
HR Xcel е тим со долгогодишно меѓународно искуство и посебен фокус и експертиза во областите на човечки ресурси и организациски развој. Партнерството со тимот на Thalento е чекор напред во обезбедувањето најдобра услуга за локалните и регионалните клиенти и грижа за сложените и долготрајни задачи преку управување со човечките ресурси. Алатките на Thalento обезбедуваат додадена вредност за клиентите преку значително поедноставување на задачите, процесите и процедурите во областа на менаџментот со човечки ресурси, истовремено намалувајќи ги трошоците и потрошеното време.
„После неколку децении работа со различни компании и региони, нашиот експертски тим е горд што на пазарот на Србија и Адриатик регионот го донесе Thalento – единствено, флексибилно решение што обезбедува веродостојни податоци при проценка на кандидатите и вработените и одговара на различни потреби во кариерниот циклус на вработениот во компанијата. На една платформа има збир од различни тестови и алатки за проценка, одлични метрички карактеристики, кои им се достапни на нашите клиенти со еден клик, и подеднакво важно, средина што е интуитивна и лесна за навигација за кандидатите, притоа обезбедувајќи максимална безбедност и заштита на податоците”, изјави Даниела Ѓуриќ, People and Organizational Development Consultant, HR Xcel.
Предностите на алатките на Thalento, кои сега се достапни и на пазарите во Адриатик регионот, во голема мера се рефлектираат во заштеда на ресурсите, но и во достапноста на сите информации, извештаи и алатки. Платформата Thalento ги следи сите фази од развојниот циклус на талентите, достапна е на 26 јазици и секојдневно собира клиенти од повеќе од 50 земји и различни индустрии. Сите Thalento решенија се достапни на онлајн-платформата, каде што може да се пронајдат разни алатки за потребите на регрутирање и селекција, onboarding, развојни програми, препознавање и развој на таленти, тимски извештаи и многу други. Сите решенија што им се потребни на современите човечки ресурси сега се достапни на едно место.
Бен Гривен, Founder & CEO, Thalento, додаде: „Минатата година, Thalento одбележа 10 години работа, развој на алатки и нови партнерства. Реалноста во бизнис светот се промени за тоа време, а иднината најавува продолжување на таа трансформација и уште поголем фокус на динамичноста и флексибилноста. Сигурен сум дека нашите уникатни решенија ќе направат многу компании спремни да ја дочекаат таа иднина“.
Трансформацијата на индустријата за човечки ресурси ќе биде тема на вебинарот „Декодирање на иднината на човечки ресурси“, на кој ќе се соберат водечки експерти од деловниот свет, а ќе се одржи онлајн на 19 февруари.
Повеќе информации наскоро.