Американскиот пивски конгломерат Anheuser-Busch ќе ја емитува својата прва корпоративна реклама за време на Super Bowl, насловена „Ајде да земеме по едно пиво“ („Let’s Grab a Beer“).ш
Спотот има за цел да ги потсети луѓето на значајните моменти, големи и мали, што се случуваат кога тие се дружат и како, во многу наврати, кога ќе си кажеме „ајде по едно пиво“, тоа всушност значи многу повеќе од самото пиво.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy, додека пак режисер и извршен продуцент е Дејвид Финшер, чии филмови имаат 30 номинации за Оскар, од кои две се номинации за најдобар режисер.
Според агенцијата, Фишнер веднаш ја сфатил релевантноста на приказната која требало да биде раскажана и смислил начин како да се „оживеаат“ интимните моменти споделени преку пиво.