По повод светскиот ден за борба против ракот, Здружението „Борка“ започна кампања под мотото „Заедно можеме да направиме промени“. Здружението „Борка“ изготви и видео во кое учествуваат јавни личности, амбасадорката на САД и првата дама на Северна Македонија.
Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони животи и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста. Оваа година, првпат ракот на дојка го надмина ракот на белите дробови како најчеста форма на болеста.
– Пандемијата со Ковид 19 изминатата година го наруши нормалниот тек на третманот на рак како во нашата држава, така и во голем дел од земјите во светот, особено посочувајќи на доцнења во дијагнозата, следење на третманот со други дијагностички процедури, стопирање на скрининг програмите и слично. Од друга страна здравствените работници се под екстремен стрес, зголемен е обемот на работа и отежнати се условите во кои работат, но исто така пандемијата влијеше и врз клиничките истражувањата, вели Биба Додева претседателка на Здружението „Борка“.
Додева истакна дека здравјето не е цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да ја смениме приказната бидејќи фундаментално право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и поддржиме сите во нивната борба со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка. Заедно можеме да направиме промени.