Синоќа се одигра 55-то финале на американската NFL лига, популарно познато како Super Bowl, а новиот шампион е тимот на Тампа Беј Буканирс, кој успеа да ги победи Канзас Сити Чифс со резултат 31-9.
Покрај спортската важност која ја има овој настан, неговата огромна гледаност го определува како еден од најзначајните поводи за рекламирање во светот, при што цената за обична 30-секундна реклама за време на овогодинешниот Super Bowl чинеше околу 5,5 милиони долари.
Иако после долги години некои светски брендови како Coca-Cola, Pepsi, Budweiser и Hyundai се решија да го паузираат огласувањето за време на 55-то издание на Super Bowl, се’ со цел да ги пренасочат тие средства во други проекти за стабилизирање од последиците на пандемијата, гледачите сепак имаа можност да изгледаат еден куп интересни и забави реклами во кои често своја улога имаа и некои славни личности.
Во продолжение Ви пренесуваме 10 од нив, кои наидоа на најдобри реакции од публиката:
1. General Motors – “No Way Norway”
2. Doritos – “Flat Matthew”
3. Cheetos – “It Wasn’t Me”
4. Frito Lay – “Super Bowl”
5. M&M’s – “Sorry”
6. Sam Adams – “Horses”
7. Tide – “Jason Alexander Get Stepped On, etc.”
8. Uber Eats – “Wayne’s World”
9. Bud Light – “Legends”
10. Cadillac Lyriq – “ScissorHandsFree”