Медиската агенција OMD, дел од групацијата на Omnicom Media Group, ја доби задачата да ги води сите глобални медиски активности на кинеската платформа за онлајн трговија AliExpress, дел од Alibaba Group. Според проценките, вкупните расходи на AliExpress за медиски активности на годишно ниво изнесуваат околу 25 милиони долари.
OMD ќе биде задолжена да го менаџира медиското планирање и закуп на компанијата за целото портфолио на нејзини производи во клучните меѓународни пазари, вклучувајќи ги и Шпанија, Бразил, Полска, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Агенцијата ќе воспостави специјализирани тимови во овие клучни пазари кои ќе го помагаат централниот тим со седиште во Шангај.
Медиските активности на AliExpress претходно беа во надлежност на агенциите MediaPlus Singapore (за светот) и MediaCom (за Кореја).
Според Кристина Лу, директорка за маркетинг во AliExpress, одлуката да се избере OMD е базирана врз „стратешките можности и ригорозните процеси на планирање што тие ги проткајуваат со своите креативни медиски решенија.“
„Јас сум убедена дека ова партнерство ќе ни помогне да продолжиме да испорачуваме значајни искуства за нашите клиенти во сите глобални пазари кои ги опслужуваме,“ додава Лу.