Бизнис Акцелераторот УКИМ и Авто-Мото Сојузот на Македонија организираат Панел дискусија со директорот за членство на Светската Автомобилистичка Федерација (FIA), Габриел Симчиќ.
Панел дискусијата е закажана за 11.02.2021 година со почеток во 17 часот. За да учествувате, регистрирајте се на:
https://zoom.us/web…/register/WN_1cRayDnfTYGQlDBa4l2czA…
Овој настан е дел од FIA Region I Start-up Challenge II (ФИА регионалниот старт-ап предизвик), каде Бизнис Акцелераторот УКИМ и Авто-Мото Сојузот на Македонија ги објаснуваат начините и можностите за учество на светскиот предизвик преку организирање панел дискусии, советувања и програми за поддршка на предселектираните стартапи од Акцелераторот УКИМ. На натпреварот може да учествуваат старт ап компании кои имаат или може да понудат креативна идеја или решение во една од следниве области:
1) Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина?
2) Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови?
3) Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?
FIA Region I вклучува 103 мобилити клубови од Европа, Блискиот Исток и Африка со 36 милиони членови. Првиот стартап предизвик на FIA Region I привлече 67 апликанти од различни земји.
Со аплицирање на овој предизвик, старт-ап компаниите ќе добијат сериозна поддршка од Бизнис Акцелератор УКИМ при подготовка на апликацијата. Зависи од потенцијалот на старт-ап заедницата и ќе се инвестира до 30.000 евра за дизајн и развој на производот или услугата, развој на прототип, проценка на пазарот, градење на тимот и / или рано генерирање приходи. Освен тоа, БАУ ги става на располагање искуството и ресурсите на партнерите, на повеќе од 3000 професори од Универзитетот, на 25 ментори – успешни Македонци од Обединетата Македонска Дијаспора како и на експерти за иновации, развој на бизнис, маркетинг професионалци од мобилите клубови.