Интернетот е најголемиот светски трговски центар кој има неограничено работно време.
Можеш да купуваш во кој било момент од денот или ноќта, 365 дена во годината.
Можеш да пронајдеш се’ што ти паѓа на ум (и милион работи кои никогаш не би ги видел ниту на сон).
Можеш да си купуваш пиејќи кафе, без притоа да се чувствуваш непријатно од злобниот поглед на продавачот. Рај за шопинг !
И покрај тоа, 92% од малопродажните купувања се случуваат во физички, офлајн продавници. Тешко за верување имајќи ја во предвид целата галама околу онлајн купувањето.
Зошто тоа е сеуште така?
Ripen eCommerce им го постави ова прашање на 1235 лица, а еве што тие одговорија:
- 30,8% изјавиле дека сакаат да ги видат или почуствуваат производите во живо !
Не е изненадување што главната причина зошто потрошувачите не го сакаат виртуелниот шопинг е тоа што неможеш да почувствуваш пиксели. Испитувањето на својствата на производите е, едноставно, полесно во живо, а тоа е нешто што, сеуште, не може да биде симулирано во целост.
СЕ ПРАШУВАТЕ ШТО МОЖЕТЕ ТУКА ДА НАПРАВИТЕ ВИЕ ? Епа..
– Праќајте бесплатни примероци. Одземејте го разгледувањето од равенката така што би испраќале на своите клиенти нешто што може да го испробаат.
– Дозволете им на корисниците да земат одреден производ со можност за бесплатно враќање. Вклучете гаранција, бесплатна испорака, или нешто друго со што би овозможиле купувачот полесно да се вљуби во она што го продавате.
- 29,9% од испитаниците одговориле дека ги сакаат своите производи ВЕДНАШ !!
Ако моменталното задоволување не е белег на конзумеризмот, тогаш не знаеме што е.
Кога потрошувачот сака одреден производ, го сака брзо. Jimmy John’s им испорачува сендвичи на љубителите на метрото побрзо отколку што тие можат да ги земат, тоа е толку брзо што никој не ни помислува дали сендвичот е добар.
ШТО МОЖЕТЕ ВИЕ ДА НАПРАВИТЕ ?
Испорака на истиот ден можеби не е реалистична за голем број компании, но дури малите слични во оваа насока понуди може да направат голема разлика во вашиот бизнис.
Решете ја испораката во мали размери. Дури и компаниите кои нудат истодневни испораки се фокусираат на лесно контролирачки области на делување. Таков пример е опцијата за истодневна испорака на Amazon Flesh за околината на Сиетл. Ако можете да го испорачате производот истиот ден, во радиус од околу 40 километри, тоа би значело многу за вашите најблиски купувачи.
Откако ќе воспоставите област за истодневни операции, направете маркетинг камапања за да ги информирате потрошувачите за неа.
Секако не се за потценување ниту другите фактори кои ги одвратуваат потрошувачите да пазаруваат online (како загриженоста поради приватноста или желбата да се заштеди на испорака) но погоренабројаните се основни на кои треба да се насочите и убаво да ги смислите доколку развивате бизнис со ecommerce.