Тешнолошкиот гигант Фејсбук се приклучи на Гугл во обид да ја притисне австралиската влада да се откаже од носењето и имплементацијата на новиот закон за технолошки платформи.
Одлуката на Фејсбук значи дека луѓето во Австралија „нема да можат да гледаат или споделуваат австралиски или маѓународни вести на Фејсбук или пак содржини од австралиски и меѓународни новински страници.“ Истовремено, и корисниците од другите земји ширум светот нема да можат да прегледуваат или споделуваат австралиски вести на платформата.
Претходно, Гугл ги блокираше австралиските новински веб-сајтови од своето пребарување за 1% од локалните корисници, официјално објаснувајќи ја постапката како тест во случај да биде донесен предложенио закон во својата сегашна форма. Гугл исто така се закани дека може целосно да го повлече својот пребарувач од Австралија.
Оригинално предвиден да биде финализиран во ноември минатата година, новиот закон предложен од Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи требаше да ги обврзува технолошките гиганти да им плаќаат на австралиските медиуми за нивните содржини, да ги известуваат однапред за какви биле промени во алгоритмот кој би влијаеле врз нивниот досег, да споделуваат податоци со нив и да ги фаворизираат изворите на оригинални вести при пребарување.