Агенцијата Direct Media во соработка со компаниите Gemius и DataXu започнаа напредна Real Time Bidding (RTB) огласувачка кампања за дигиталните сервиси на Теленот, воведувајќи го овој најсовремен вид на интернет огласување на голема врата на српскиот пазар.
Кампањата Теленот Плеј+, која започна на крајот од Јули, лансирана е со цел интернет посетителите иблиску да се запознаат со пет популарни дигитални услуги на Теленор – Capture, My Contacts, WhatsApp, Deezer Музија и Спорт во Живо.
“Револуционерната RTB технологија, која првобитно е развиена во САД и сега постепено навлегува во земјите од Западна Европа, овозможува автоматски закуп на огласувачки простор во реално време, базиран на принципот на лицитација, во кој одлуките ги донесуваат напредни компјутерски системи. Програмското лицитирање за секоја поединечна импресија се одвива на повеќе десетици виртуелни берзи паралелно и овозможува доста комплексно и прецизно таргетирање на посетителите. Со тоа трошоците за огласување се намалуваат, се максимизира ефектот од огласувањето, но и приходите на интернет огласувачите, додека вредноста на огласниот простор се одредува транспарентно, на отворен пазар во дел од секундата“ – вели Јован Стојановиќ, директор на Direct Media.
Користејќи интелигентни компјутерски алгоритми, способност да учат, проценуваат и предвидуваат на основа на однесувањето на посетителите на сајтовите и бројните дополнитени податоци (т.н. “Big Data”), RTB системите се во можност секој банер да го испорачат кон посетителот со најголем афинитет за понудената услуга или производ.
Системот реагира во дел од секундата, пратејќи паралелно милијарди прикази на банери кои се одвиваат на стотици илјади веб сајтови низ целиот свет, нудејќи им на издавачите пари само за приказите за кои ќе заклучи дека се највредни за неговиот клиенти.
Системот кој се користи е развиен од доскорешни инжинери на NASA , задолжени за праќање на мисии на Марс, и никако не е случајно што во него се применети некои од решенијата до кои се дошло при развојот на овие мисии.
Извор: Маркетинг Мрежа