Глобалната пандемија толку многу влијаеше толку на работењето на шведскиот моден гигант, што во ерата по корона кризата, H&M значително ќе го промени начинот на деловно работење.
Како втор по големина малопродажник на облека во светот, компанијата H&M би можела со своите одлуки да започне нов тренд кој многумина би го следеле.
Централната гранка на главниот плоштад во Стокхолм ќе биде нивниот прв продажен простор што целосно ќе се промени. Продавницата веќе нема да биде само место каде купувачите можат да купуваат облека, туку на оваа локација, ќе се вршат корекции, ќе се изнајмуваат фустани за забави, а просторот во аглите на продавницата ќе биде преуреден во салони за убавина.
Можете ли да замислите продавници кои веќе не се само тоа, туку и модни салони со мали занаети и придружни услуги? Швеѓаните се обложуваат токму на тоа, бидејќи колку повеќе се купува онлајн, толку големите продажни простори стануваат се` помалку потребни.
И наместо да се обидат да се ослободат од мртвиот капитал, тие ќе се обидат да го оживеат и да инвестираат во зајакнување на брендот.
Според извештаите на светските медиуми, првата третина од оваа година во деловна смисла поминала многу подобро отколку што очекувале. Тие планираа пад на бизнисот затоа што карантините ширум светот ги принудуваа купувачите повеќе да купуваат облека онлајн.
Иако овој метод на испорака ги намалува нивните трошоци, тоа значи и намалување на потребата за физички продавници. H&M најави затворање на 350 од приближно 5.000 продавници ширум светот оваа година, а планот е да се отворат само стотина нови.