Една петтина од жителите на ЕУ во текот на 2020 година користеле „паметни“ часовници, фитнес -нараквици и други лични додатоци поврзани на интернет, објави европската агенција за статистика Евростат.
„Паметниот акцесоар“, кој вклучува и специјални очила, слушалки, сигурносни локатори, како и облека, обувки и други додатоци за облека поврзани на интернет, го користеле 19% од Европејците на возраст од 16 до 74 години.
Тој процент е уште поголем кај младите на возраст до 24 години, 28 проценти. Паметната опрема користеле 23 проценти од луѓето на возраст од 25 до 54 години, 11 проценти од жителите на возраст од 55 до 64 години и само пет проценти постари од 65 години.
Исто така, истражувањето покажа дека многу популарни се и виртуелните асистенти кои ги користеле 11% од граѓаните. Уреди за управување со енергија кои се поврзани на интернет, како што се термостати, светла или уреди за мерење на електрична енергија, вода и гас, користеле 10 проценти од Европејците.
Паметните часовници и другите додатоци за облека се најпопуларни во Чешка, Финска и Естонија.
Околу една третина од Чесите (35%), Финците (33%) и Естонците (31%) користеле паметен часовник, фитнес нараквица или друг додаток поврзан на интернет во 2020 година.
Овој процент е далеку поголем во Исланд, 72 проценти, која не е членка на ЕУ, но беше опфатена со истражувањето.
Жителите на Грција (7%), Романија (8%) и Кипар (9%) најмалку користеле вакви уреди.
Паметни уреди за безбедност на домот, како што се аларми, детектори за чад или безбедносни камери, користат само шест проценти од населението во ЕУ, а пет проценти користеле такви медицински помагала за следење на крвниот притисок, нивото на шеќер или на тежина.
Играчките поврзани на интернет, како што се роботи или кукли, ги користеле само два проценти од испитаниците.