Канските награди за корпоративни медиуми и ТВ се подготвени за почетокот на фестивалската сезона 2021 година! По дванаесетти пат, најдобрите светски корпоративни филмови, онлајн медиумски продукции, документарни филмови и извештаи, ќе бидат наградени со меѓународните, исклучително ценети кански делфини. Фестивалот ги поканува продуцентите, агенциите, клиентите, ТВ каналите и студентите да ги пријават своите најнови и најкреативни проекти на конкурсот.
Уште еднаш, организаторите на фестивалот со нетрпение очекуваат возбудлива и инспиративна фестивалска сезона, со извонредни и иновативни пријави од целиот свет. За сите пријавени апликации ќе суди и дискутира искусно меѓународно жири, кое оваа година вклучува оскаровци, креативци и експерти од сите области на филмската и комуникациската индустрија.
За поддршка на младите таленти, студентите ќе имаат можност да ја достават својата креативна работа во две различни категории: корпоративни филмови и документарни филмови.
Сите проекти што ќе бидат финализирани и доставени до 23 март 2021 година ќе имаат корист поради раната регистрација, што значи дека ќе добијат попуст од 10%.
Своите проекти, продукциите можат да ги пријават во главните категории:
- Корпоративни филмови и видеа,
- Документарни филмови и извештаи (ТВ, онлајн, кина),
- Корпоративни онлајн медиуми,
- Уметност и занаетчиска продукција и
- Студентски филмови.
За повеќе информации во врска со категориите, котизациите, правилата и прописите, посетете ја веб-страницата www.cannescorporate.com.