Публицис Медиа го зголемува тимот. Доколку имате искуство и сакате да станете експерт во Digital Campaign Management, Ad Trafficking, Reporting и Digital media planning, или пак допрва би ја започнале кариерата во дигиталниот маркетинг, Публицис Медиа отвори две работни позиции за Digital Media Assistant (без искуство) и Digital Media Planner (со искуство).
Со цел пријавување на конкурсот, заинтересираните кандидати треба да пополнат онлајн формурал достапен на следиот линк. Повикот трае до 18 март 2021.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе имаат можност да следат тридневна обука со цел да се запознаат со процесот на работа, а воедно и да ги покажат своите знаења. По завршување на обуката, двајца од кандидатите ќе станат дел од тимот на Публицис Медиа.