Италијанската непрофитна организација CoorDown и американската креативна агенција Small лансираа нова за кампања во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром (21 март), со која повикуваат на поголема инклузивност на луѓето со Даунов синдром на пазарот на трудот.
Централниот спот во кампањата отпочнува со вработувањето на млада жена со Даунов синдром во пекара. Откако потрошувачите ги посведочуваат нејзините вештини, отпочнува синџирна реакција на позитивни акции од страна останатите локални компании.
Рекламата има за цел да ја подигне свесноста на јавноста за бариерите и предрасудите со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром на работното место, вклучувајќи помалку можности, ниски очекувања и стереотипно однесување. Во спотот исто така се демонстрира позитивниот ефект што надминувањето на овие погрешни сфаќање го има врз индивидуите, компаниите и заедницата.
Краткиот филм е проследен со оригинална песна од страна на познатата музичка ѕвезда Стинг, кој напиша на својот Твитер профил дека е горд што му е дадена можноста да биде дел од оваа кампања.
Кампањата е поддржана и од страна на други организации како Down’s Syndrome Association од Обединетото Кралство, Down Syndrome Australia и Down Syndrome International.
Како дел од кампањата е создаден и специјализиран веб-сајт hiringchain.org, кој што има за цел да им помогне на компаниите инспирирани од филмот да пронајдат контакт-информации од организации кои ги поддржуваат лицата со Даунов синдром.