Новата структура на натпреварувањето, која ги воведува секциите One-Channel, Omni-Channel, Craft и Creative Business Excellence Drum, како и посебните групи кои го прикажуваат локалниот дух, кампањи во корист на блогосостојбата на општеството, како и проекти создадени како одговор на пандемијата на корона вирусот, е дизајнирана да ги награди најдобрите креативци и креативни деловни решенија.
Миха Бевц, директорот на натпреварувањето, изјави: „После предизвикувачка година за нашата индустрија – и за светот воопшто – сите моравме да застанеме за момент и да размислиме за нашиот понатамошен пат. Во Golden Drum ја искористивме годината да го обновиме натпреварувањето од темел, правејќи го попогодно за тековните и идните комуникациски трендови. Го преобликувавме и дуплиравме бројот на жири комисии – од две на четири. Секциите, групите и категориите исто така се обновени: тие сега вклучуваат Creative Business Excellence Section и Covid-19 Group, втората со 50% попуст на сите кампањи креирани како одговор на пандемијата Ковид-19. Сето ова – и уште повеќе – беше направено имајќи на ум една работа – Re:Start иднината на нашата креативна индустрија. Со нетрпение очекувам повторно да ги видам последните две години од вашата секогаш инспиративна работа“.
Можност за пртставување на кампањи реализирани во текот на две години
Учесниците од 38 земји можат да ги пријават своите креативни решенија кои се за прв пат емитувани, објавени или применети во периодот од 1 јануари 2019 година до 1 септември 2021 година.
Вашите проекти можете да ги пријавите на следниот ЛИНК.
Пониски цени за пријавени кампањи до 1 јуни
Фестивалот воведува Early Bird цени на пријави, количински попуст за 10 или повеќе пријавени кампањи и 50% попуст на пријавите во Covid-19 Group.