Друштвото за односи со јавноста на Србија, на 7 и 8 ноември во Театар Звездара во Белград, ја организира шестата меѓународна конференција насловена како “Комуникација на (с)цена”. Цел на овогодинешната конференција PRilika е да понуди одговор на горливите прашања од струката, како успешно да се справи со промените и да оди во чекор со трендовите.
“Успешните кампањи водат сметка за комуникациите и тоа го прават без исклучок, посебно докажувајќи ја стратешката важност на функцијата односи со јавноста. PRilika е меѓународна конференција која секоја година во Србија ги собира токму таквите организации, кои ги применуваат највисоките стандарди во комуникациите и тежат кон континуиран напредок во работењето. Од година во година задачата на Програмскиот одбор на PRilika е се’ потежок, бидејќи навистина и нашите експерти за односи со јавноста се се’ подобри, а нивните стандарди се’ повисоки. Затоа, со голема чест, можам да кажам дека доаѓањето на најавените предавачи е голем успех. Мислам дека обезбедивме квалитетна можност за дијалог и истражување на очекувањата, трендовите и предизвиците кои ќе ги окупираат ПРофесионалците, од различните индустрии, во наредниот период”, изјави Тамара Бекиќ, координатор на Програмскиот одбор на конференцијата PRilika 2014.
На овогодинешната конференција, Друштвото за односи со јавноста на Србија ќе угости реномирани предавачи од Европа, Србија и регионот, а помеѓу останатите и три водечки меѓународни комуникациски експерти – Џереми Гaлбрајт, глобален директор за стратешко комуницирање и генерален директор на Burson-Marsteller мрежата за Европа, Блискиот Исток и Африка;Пол Холмс, основач и CEO, Holmes Report & SABRE awards, како и Доналд Стил, меѓународен експерт за кризни комуникации и поранешен главен советник за комуникации во BBC.
Покрај нив, на PRilika, учесниците ќе можат да ги чујат и некои од успешните регионални и домашни експерти од областа на комуникациите, како Дамир Југ, декан на Bernays школата за комуникациски менаџмент и член на управата на агенцијата Milenijum PR од Хрватска и Мише Лукиќ, претседател на Publicis Group во Србија.
На овогодинешната конференција, под името “Комуникација на (с)цена”, предвидено е да се одржат и две предавања и работилници на експерти од странство, пет студии за случајот на компаниите NIS, Philip Morris и IKEA, две панел дискусии, како и презентација на истражувањето European Communications Monitor 2014 за Србија.
Повеќе информации за конференцијата и предавачите можете да најдете на веб-страната на Друштвото за односи со јавноста на Србија. http://pr.org.rs/prilika/prilika-2014/
Цената за котизација за членовите на DSOJ изнесува 5000 динари а за не членови 10000 динари. За три или повеќе котизации, одобрен е попуст од 10% а за десет и повеќе – 20%.
ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗОЈМ (ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА НА МАКЕДОНИЈА) ИМААТ ПОПУСТ ОД 10% НА ЦЕНАТА ЗА КОТИЗАЦИЈА. За нив котизацијата изнесува 9000 динари или пресметано во македонски денари тоа доаѓа 4.640 денари .
Повеќе информации за конференцијата и предавачите можете да најдете на веб-страната на Друштвото за односи со јавноста на Србија. http://pr.org.rs/prilika/prilika-2014/ или слободно Вашите прашања поставете ги до drustvo@pr.org.rs