Светски познатиот италијански моден бренд Diesel лансираше „чудна“ кампања која на почетокот се чини баш обична, сé додека актерите не ги покажат своите преувеличени насмевки.
Централниот спот на кампањата насловена „Fake Smiles“ („Лажни насмевки“) прикажува луѓе кои прават секојдневни домашни активности како пеглање, косење на трева, миење садоци и правење скара. Меѓутоа, на нивните лица се наоѓа помалку застрашувачка супер-широка насмевка, која внесува доза не неудобност во баналноста на секојдневните, досадни активности.
Според самата компанија, кампањата е „надреална“ и инспирирана од страна на нивните основните вредности и етика на „успешно живеење“. Целта е промоција на нова модна колекција под името “Diesel x Diesel“.
„Камапањата го носи насловот „Лажни насмевки“, меѓутоа тоа има повеќе врска со преувеличувањето отколку со вештачноста. Насочувајќи ја мантрата на Diesel за успешно живеење, кампањата се однесува на нашата константна потрага по среќата,“ истакнува новиот креативен директор на брендот, Глен Мартинс.
Тој додава дека „сликите на кампањата прикажуваа субјекти во секојдневни досадни сценарија, сите обележени со екстра-среќни изрази на лицето, создавајќи надреална визуелизација која евоцира чувство на носталгија и го доловува духот на децениите што ја инспирираа оваа колекција.”
Спотот е создаден in-house, но режиран од страна на Џони ДуФорт од DoBeDo Represents. Кампањата е истовремено проследена и со принт и онлајн рекламни активности.