Vodafone го слави човечкиот дух и неговата способност за големи дистигнувања кога тој се комбинира со технологијата – вака во кратки црти може да се опише новата глобална бренд платформа на мултинационалната британска телекомуникациска компанија.
Кампањата „Together We Can“ („Заедно можеме“) стартува со 12-месечна програма на телевизиски, принт и дигитални огласувачки активности, демонстрирајќи го убедувањето на Vodafone дека партнерството помеѓу технологијата и општеството може да изгради подобра иднина.
Новата кампања отпочнува со 60-секундниот телевизиски спот “The Irrepressible Girl”, или во превод -„Девојчето кое не може да се репресира“. Рекламата прикажува девојче кое поставува серија на прашања за светот околу неа и улогата која технологијата може да ја игра во лечењето на болестите, борбата против климатските промени и решавањето на дигиталната инклузивност.
Спотот, заедно со серија на постери, ја истакнува клучната улога на Vodafone во одговорите на овие прашања, од лансирањето на 5G-мрежата, преку поврзувањето на најоддалечените места во светот, па сé до улогата на апликацијата Vodafone DreamLab во борбата против ракот и ковид-19.