Со цел да ја промовира физичката отпорност на новиот паметен телефон iPhone 12, технолошкиот гигант Apple лансираше пар реклами кои на еден хумористичен начин илустрираат колку е всушност цврст овој уред.
Првата реклама насловена “Cook” прикажува „несмасен“ кувар кој телефонот го изложува на неговиот кујнски неред додека се обидува до подготви некој рецепт. Телефонот паѓа, бидува покриван со брашно, млеко и вода под силен мраз, акцентирајќи ја водоотпорноста на уредот благодарение на неговото ново “Ceramic Shield” стакло фузирано со нано-керамички кристали.
Втората реклама, именувана “Fumble”, прикажува девојка на која телефонот ѝ паѓа на земја при разговор додека оди по улица. И покрај сите нејзини обиди, акробации и драматичната slow-motion сцена да го фати, телефонот удира од земја, но, повторно благодарение на новото “Ceramic Shield” стакло, поминува без ниту една гребнатинка.
„Опуштете се, тоа е iPhone“, стои како заклучок во описот на двете реклами.