Германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz соопшти дека до 2022 година целосно ќе ги трансформира своите фабрики низ светот да работаат на зелена енергија добиена од обновливи извори.
По тој повод, брендот лансираше нова реклама чија тема е 130-годишната борба на нивните автомобили со силата и отпорот на ветрот и евентуалното скротување на оваа природна стихија како обновлив извор на енергија.
Крајот на рекламата е посветен на инсталацијата на ветерна турбина, при што нејзините три перки коинцидираат со препознатливата ѕвезда на Mercedes-Benz.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Emil, создадена во 2018 година од страна на Publicis Groupe специјално за услужување на креативните потреби на Mercedes-Benz. Филмот е пропратен со песната “Come Together“ во изведба на американската музичарка Лорен О’Конел.